Викендов 26 сообраќајки - еве што се случувало на скопските улици
Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно 26 сообраќајни незгоди.
Во петокот се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета, осум со последица телесна повредна во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патнички моторни возила, еден сопатник и двајца пешаци, еден возач на мопед и возач на велосипед. Случена е и една сообраќајна незгода со последица тешка телесна повреда која што се случила во 22 часот и 10 минути на крстосницата од ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „Миле Поп Јорданов“ во која што учествувало патничко моторно возило „форд мондео“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и момче пешак на возраст од 12 години родено во село Леуново, општина Ростуше-Маврово.
Истотака, во саботата сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, шест незгоди со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко возило, двајца сопатници и еден пешак, додека во текот на вчерашниот ден случени се пет сообраќани незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета, една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден пешак и една незгода со последица тешка телесна повреда. Истата се случила во 13 часот и 50 минути на ул. „Хошимин“ во којашто граѓанин на Скопје управувајќи трицикл со приколка без таблички излетал од патот и како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во трициклот.
Во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 48 возачи коишто се затекнати како ги управуваат своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, 14 возачи коишто поминале на црвено светло, 17 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 33 возачи кои ги управувале своите возила со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола и седум возачи се санкционирани заради непочитување на ограничувањето на брзината на движење.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа