ОБСЕ/ОДИХР ќе ги претстави активностите за претседателските избори
Амбасадорот Герт-Хајнрих Аренс, шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР на престојните претседателски избори во Македонија денеска во Скопје ќе ги претстави улогата и активностите на мисијата со што ќе биде официјализирано отворањето на Набљудувачката мисија за избори на канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ за претседателските избори во Македонија на 13 април годинава.
Набљудувачката мисија за претседателските избори е воспоставена на покана од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, а ОДИХР очекуваат таква покана да биде упатена и за набљудување на предвремените парламентарни избори на 27 април годинава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа