ВИДЕО: Американски платеници на улиците во Украина
На ЈуТјуб е објавена видео снимка на која наводно на улиците на градот Доњецк на истокот на Украина се прикажани платеници од американската приватна компанија “Блеквотер“.
На најмалку две објавени снимки се прикажани добро вооружени војници без ознаки на униформите во Доњецк, кој е зафатен со протестите во знак на поддршка на оцепувањето од Украина.
На една од снимките еден од минувачите извикува „Блеквотер“ по што вооружените луѓе си одат од улицата, пренесува “Дејли мејл“.
Вчера во Доњецк неколку излјади луѓе излегоа на демонстрации барајќи референдум за утврдување на статусот на овој регион.
Снимките се објавени непосредно по појавувањето на извештајот во руските медиуми дека околу 300 мажи пристигнале на аеродромот “БориспиЛ“ во Киев и носеле торби слични на војнички.
Во извештајот се шпекулира дека ќе бидат испратени во регионите на истокот и југот на украина, каде мнозинство од граѓаните се од руското говорно подрачје и прооруски сила, кои на новите влести во Украина им се заканија со отцепување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа