Скандалозно: Месо од пцовисани крави им продавал на деца

 

Небојша Ј. (35) е уапсен под сомнение дека од пцовисани крави и коњи правел месо за скара

Ги продавал во неговата продавница “НН Циле“ и да биде ситуацијата полоша, таа се наоѓа блиску до основното училиште “Свети Сава“ во Велика Плана, Србија. Најверојатно и децата од тоа училиште таму купувале ужинки.

-Чиста среќа е што никој не се отрул. Кога влеговме во просторијата со месо, не ни беа потребни никакви анализи, доволна беше само смрдеата – велат инспекторите.

Скандалозно е тоа што и покрај фактот дека сопственикот е уапсен во петокот, дуќанот истиот ден работел. Од министерството за земјоделство, во чија надлежност е и Ветеринарната инспекција, на прашањето зошто овој објект не е затворен, одговориле дека “инспекцијата до сега не дошла до сознание дека во овој угостителски било внесувано месо од пцовисани животни“, иако меѓудругото “објектот го оцениле како високоризичен“.

Истрагата покажала дека Небијша Ј. Знаел дека месото во таква состојба не е за продажба, па го обработувал во помошните простории од својата куќа.

Сопственикот на дуќанот, кој сега е во притвор, местото го мешал со хемиски супстанции кои ги додавал за да добие боја и за да изгледа посвежо.

Од тоа месо, безмалку имал еден тон, а целокупното количество е предадено во Ветеринарната инспекција.

-Имаме училишна кујна, а во рамки на училиштето има и продавница со пециво, така што незнам колку и како децата доаѓале во споменатиот дуќан, но можеа страшни работи да се случат – вели помошникот на директорката на училиштето. “Свети Сава“.

Инаку кривични пријави се поднесени и против уште 4 лица кои се осомничени дека продавале месо од пцовисани животни или помагале во неговата обработка.

09.03.2014 - 23:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега