Трагедија: 11 годишно момче починало играјќи си во својата соба

 

За вистинска трагедија во Задар јавуваат хрватските медиуми откако во петокот попладне во  стан во градот, полицијата пронашла мртво 11 годишно момче, кое околу вратот имало јаже за скокање. Иако истрагата се уште е во тек, никој во семејството на 11 годишното момче не се сомнева на самоубиство. Велат дека бил живо дете кое се го радувало. Тренирал таеквондо и редовно скокал со јажето за да одржува кондиција.
Во моментот на неговата смрт, во станот била и неговата 15 годишна сестра, која одмарала во друга соба и која во полиција рекла дека не слушнала ништо.
Истражните органи го затекнале 11 годишното момче со расекотина на брадата и со јажето стегнато околу вратот. Сомнежите се дека некако паднал и се задавил со јажето.
Родителите и најблиските роднини се во шок. Никој не може да објасни, како починало момчето. Вештаците за сега имаат утврдено само дека станува збор за давење односно дека момчето починало од недостаток на кислород

09.03.2014 - 22:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега