Прво бегство од новиот затвор во Куманово

Новиот кумановски затвор иако има најсовремен систем за надзор сепак еден затвореник вчера успеа да побегне.

Станува збор за затвореникот со иницијали И.С. кој попладнето побегнал од кругот на затворот кој се наоѓа во атарот на село К’шање.

Затворот е отворен минатата година во септември и во него беа поставени современи системи за надзор.

Од затворот ги известиле надлежните служби и во тек е потера по избеганиот затвореник.

09.03.2014 - 21:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега