Тијана Дапчевиќ ќе пее на англиски на Eвровизија

 
 
Тијана Дапчевиќ во Копенхаген, Данска ќе ја претстави Македонија со англиската верзија на евровизиската песна, односно „To the sky“.
-Намерно оставивме малку простор пред да ја донесеме конечната одлука, но навистина сме задоволни со изборот. Многу поголем е процентот на оние коишто ја преферираат англиската верзија. Публиката се изјасни самата, изјави шефот на Македонската Евровизиска делегација Мери Попова, во интервју за емисијата Стисни Плеј на МРТ.
 
До крајот на месецот се очекува евровизиската тема да добие и официјален видео запис, а по завршувањето на средбата на шефови на делегации во Копенхаген на 15-ти овој месец, ќе започне и промотивната турнеја на нашата претставничка Тијана Дапчевиќ. Предвидено е учество на Македонија на најголемиот предевровизиски промотивен настан, Eurovision in concert и на Лондонската евровизиска забава, која е втора по големина од овој тип и се случува по четврти пат.
 
Интересно е тоа што Македонија е одбрана меѓу седумте земји кои со педесет проценти од своето гласање ќе одлучат кој ќе ја претставува Белгија на Евровизија. Неколку члено жири од Македонија предводено од Попова ќе имаат задача да им помогнат на колегите од Белгија околу изборот на нивниот претставник.
09.03.2014 - 20:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа