ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе ветува сешто - знаат дека ќе изгубат

Кога знаеш дека губиш, многу е полесно да даваш ветувања кои што нема да бидеш во состојба да ги исполнуваш. Ние мораме да деадеме ветување кое сме сигурни дека ќе го исполниме, иначе ќе го загубиме лицето, рече премиерот Никола Груевски во шоуто на Миленко Неделковски на телевизијата Канал 5.

Груевски, осврнувајќи се на субвенциите во земјоделството, истакна дека можеби сега СДСМ ќе излезе и ќе рече дека ќе даде 300 милиони евра, ама треба да најдат некој да им верува, откако во нивно време беа одвоени едвај 5 милиони евра.

-Досега никој нема дадено посилна поддршка, има само говорено дека ќе даде поддршка, но кога бил на власт, не дал посилна поддршка. Еве да речеме СДСМ, во сите години додека беше на власт, ниту еднаш немаше планирано пари за субвенции за земјоделците. Се случи само еднаш кога имаше тешки демонстрации во Скопје пред Владата, пред изборите во 2006 година, и тогаш најдоа некои 5 милиони евра, им дадоа и тоа се, рече Груевски.

Премиерот најави дека Владата има планирани 140 милиони евра, додека лани беа одвоени 135 милиони евра.

- Тоа е една сосема различна политика и сега можеби СДСМ на изборите ќе излезе и ќе рече дека ќе даде 300 милиони, малку се 150 милиони, ама треба да најдат некој да им верува. Тие се во ситуација да понудат се и сешто, знаат дека ќе изгубат, свесни се, иако говорат дека ќе победат. Тие интимно во себе се свесни, таму има луѓе кои се долго во политката. Кога знаеш дека губиш многу е полесно да даваш ветувања кои што нема да бидеш во состојба да ги исполнуваш. Ние мораме да деадеме ветување кое сме сигурни дека ќе го исполниме, иначе ќе го загубиме лицето, рече Груевски.  

Груевски потенцираше дека претходно, немаше субвенции, туку земјоделците беа оставени на маргините на општеството. 

09.03.2014 - 15:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега