Да му помогнеме на малиот Кристијан да стане од инвалидската количка!
Помогнете му на малиот Кристијан да стане од инвалидската количка!
Кристина Несторовска, Димитар Несторовски ул. „Вич“ бр. 28/11, Скопје
Трансациска сметка 210700000613176 НЛБ Тутунска банка
Децата се благослов од Господ. Децата се непресушен извор на љубов, радост, светлина за секое семејство. Децата се нашата иднина. Што им посакуваме на нашите деца? Безгрижно детство!? Радост!? Среќа!? Здравје!? На нашите деца, им посакуваме здравје пред сè друго. Јас сум родител на болно дете. Во болничкиот картон, до името на мојот син,Димитар Несторовски, стои дијагноза: Прогресивна мускулна дистрофија – Дишен (Dystrophio musculorum progresiva DMD)
Многу деца имаат безгрижно детство и се радуваат на играта, од нивната смеа, распослана на игралиштето, сè ечи. Само мојот син, седнат во инвалидска количка, со очите трча по топката. Го гледам и се прашувам дали ќе дојде ден кога ќе може и моето дете да трча со своите другари. Заедно со нив да се смее, да паѓа на земја, да ги кине панталоните, да си ги раскрвави колената… Го гледам и се молам да се врати насмевката на неговите усни, очите да му засјаат како жарчиња, желбата да го живее животот и да другарува со своите врсници да му биде секојдневна водилка.
Изминаа две години откако мојот син е во инвалидска количка, а надежта не ме напушта, верувам дека и за нас ќе зазори многу посакуваниот ден. Позитивното искуство на Стефан од Скопје, кој се лекувал во Кина, ја храни мојата надеж.
Медицинскиот центар за матични клетки „Ву“ во Пекинг овозможува лекување на болеста Душенова мускулна дистрофија, а четири неделниот третман за операција, имплантација на матични клетки, физотерапија, медицински услуги, пат и сместување чини 40.000 долари.
Затоа, јас, Кристина Несторовска апелирам до сите хумани луѓе:
Подајте му рака на мојот син, Димитар Несторовски, за да стане од својата инвалидска количка. Хуманоста е подавање рака. Хуманоста е отворање срце. Отворете ги своите срце за да се наполни моето, срцето на мајката која не бара многу, само искри во очите на детето додека земјата му ги грее стапала. Хуманоста е храмот во кој јас ја говорам својата молитва, молитвата на мајчиното срце кое безмерно љуби и безмерно страда.
Сите уплати можат да се направат на жиро сметката на НЛБ Тутунска Банка Трансакциска сметка 210700000613176 со назнака Димитар Несторовски – за донација.
Броеви за донации:
VIP: 077/143-704
ONE: 075/143-666
T-Mobile: 070/143-117
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа