Судири меѓу приврзаници на Киев и Москва во Севастопољ
Во Севастопољ каде жителитекои зборуваат украински денеска ја прославуваа годишнината од раѓањето на Тарас Шевченко избија судири меѓу приврзаниците на Москва и Киев од овој кримски град.
Според Би-Би-Си, група од околу 100 проруски активисти, со тупаници и камшици, нападнале 20-тина припадници на обезбедувањето на митингот во Севастопољ. Би-Би-Си дополнува дека некои од напаѓачите биле руски козаци на проукраинскиот митинг, на кој имало околу 200 лица.
Насобраните фрлале со се што им се наоѓало при рака врз автомобилите, со кои активистите се обиделе да побегнат од местото на настанот, кршејќи им ги прозорците на возилата.
Проруски демонстрации, исто така се одржани во градот во воената база на руската Црноморска флота, наведува Би-Би-Си.
Во Симферопољ, неколку илјади проруски ориентирани граѓани се собраа во центарот, во знак на поддршка на припојување кон Русија, јави ИТАР-ТАСС.
Премиерот на Автономната република Крим Сергеј Аксјонов на собирот, и на насобраните им се заблагодари што „стојат раме до рамо за истата цел“ и додаде дека живеат во историски момент, бидејќи на референдумот на 16 март ќе се постави прашањето за кого е Крим.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа