Груевски: Порадосен сум кога наш инвеститор ќе отвори нови работни места

Законите важат за сите исто. Фокусот е кон странските инвеститори, зошто таму нѐ немаше. Ако мене ме прашате, јас сум порадосен наш инвеститор да отвори работни места, истакна премиерот Никола Груевски во шоуто на Миленко Неделковски на „Канал 5“.

- Сакам да ве убедам дека не правиме разлика меѓу странски и домашни компании. Сакаме да му помогнеме на секој што сака да инвестира. Дали домашен или странки инвеститор ќе обезбеди работни места не е важно, важно е тие места да се отворат , рече Груевски.

Според премиерот, клучно за слободните економски зони е дали имате добра бизнис клима.

-Може да направите 100 економски зони, но никој да не ви дојде. Клучно е дали ќе создадете добри услови, со кои ќе се привлечат инвеститорите. Зоните претходно немаа инфраструктура, немаше бизнис клима. Во време на СДСМ имаше Агенција за странски инвестиции, но никој не знаеше дека таа постои, таа немаше функција, немаше промотори. Се направија крупни измени кои им одат во прилог на инвеститорите. Претходно и понудата беше слаба и организацијата не постоеше. Крупната работа е тоа што се става фокус на привлекување инвестиции. Тој труд се исплатеше, се ставија и тројца министри специјализирани за привлекување инвестиции. Во некои други времиња, во 90-тите, односот кон бизнисмените беше како кон криминалци. Тоа се луѓе кои отвораат работни места, кои имаат капитал, рече Груевски.

Груевски потенцираше дека на инвеститорите гледаат како начин, средство, помагајќи им нив, да се отворат нови работни места.

09.03.2014 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега