Осуден за сексуално злоставување бидејќи го дупнал кондомот
Канадскиот врховен суд го прогласи за виновен Крег Џарет Хатчисон за сексуално злоставување бидејќи направил дупки во презервативот пред да има однос со својата партнерка.
Како што тврди неговата партнерка, имал со неа сексуален однос на кој таа се согласила под услов да користат презерватив, за да не забремени.
Судскиот совет едногласно заклучил дека Хатчисон преку односот со издупчен кондом извршил сексуално насилство.
Неговата партнерка, имено, затруднела, иако не е јасно утврдено дали бременоста е резултат на односот поради издупчениот презерватив.
09.03.2014 - 14:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа