ВИДЕО: Интернет хит- градоначалник сам си напишал казна
Ова видео стана вистински хит на социјалните мрежи. Станува збор за градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Паес кој побарал да му се одреди казна поради фрлање на отпадок на улица. Сцената била снимена и циркулира низ социјалните мрежи додека трае штрајкот на комуналните работници.
На видео снимката се гледа градоначалникот заедно со човек кој преку микрофон им се обраќа на штрајкувачите. Градоначалникот јаде овошје и притоа на два пати ги фрла остатоците.
Едуардо Паес, кој ja предложил програмата "Нула отпадоци", изјавил дека не памети дека фрлил ѓубре на улица, но се извинил и рекол дека ќе прифати да ја плати казната од 49 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа