Притвореник на Златна зора кандидат за гувернер
Пратеникот на екстремната десничарска партија Златна зора, Панајотис Илиопулос ќе биде кандидат за гувернер на локалните избори во Грција во мај, иако се наоѓа во притвор и му претстои судење поради обвинение за членство во криминална организација.
Воедно Илиопулос е еден од шестмината пратеници на Златна зора, кој е уапсен во рамки на операцијата против оваа неонацистичка партија.
Тој вчера телефонски ја прифатил кандидатурата, бидејќи од јануари се наоѓа во затвор во Атина.
Илиопулос ќе биде кандидат за гувернер на Тесалонија, земјоделска област во централниот дел на Грција.
Златна зора е обвинета дека е одговорна за напади врз имигранти и политички противници. Операцијата против неа почна откако убиството на познат грчки рапер во септември минатата година, извршено од припадник на Златна зора, предизвика гнев во јавноста.
И покрај истрагата против оваа партија, резултатите од најновите анкети покажуваат дека Златна зора и понатаму е трета партија по популарност во Грција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа