ФОТО: Камен пијан Грк возел во спротивна насока на автопатот кон Гевгелија

 

Непријатно изненадување за граѓаните кои ноќеска се нашле на автопатот кон Гевгелија, во близина на селото Прдејци. Според информациите на Телеграф.мк, неколку граѓани пријавиле дека автомобил вози во спротивната насока на автопатот.

Полицијата излегла на терен и наскоро било запрено возилото со грчки регистарски таблички, зад чиј волан бил 56 годишен државјанин на Република Македонија.

Проверките откриле дека возачот бил под дејство на алкохол и бил со нарушена здравствена состојба. Поради сериозноста на здравствената состојба, возачот веднаш бил пренесен во Грција.

09.03.2014 - 13:13
Фото: 
Телеграф

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега