Јаценјук: Украина нема да и отстапи ниту еден сантиметар на Русија
На свеченоста по повод 200-годишнината од раѓањето на поетот Тарас Шевченко, борец за независна Украина, новоизбраниот украински премиер Арсениј Јаценјук изјави дека Украина нема да и отстапи ниту еден сантиметар од својата територија на Русија, чии сили од минатиот месец го окупираат полуостровот Крим.
- Тоа е наша земја. Нема да дадеме ниту еден сантиметар од неа. Нека го знаат тоа Русија и нејзиниот претседател, истакна Јаценјук на свеченост по повод 200-годишнината од раѓањето на поетот Тарас Шевченко, борец за независна Украина.
Тој увери дека ќе направи напори за политичко и дипломатско решавање на кризата во Крим.
Според Јаценјук, САД и Велика Британија, кои станаа гаранти за територијалниот интегритет на Украина кога поранешната советска република во 1994 година се откажа од нејзиното нуклеарно оружје, ќе направат „се што е можно за да ја заштитат независноста на Украина“.
- Се наоѓаме пред еден ид најголемите предизвици во историјата на независна Украина, нагласи Јаценјук
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа