Откриени остатоци од малезискиот авион во Јужнокинеското Море
Како што објавија виетнамските медиуми во Јужнокинеското Море веројатно се откриени остатоци од малезискиот авион „Боинг 777-200“ кој вчера исчезна од радарот со 239 патници во него.
Остатоците се откриени од сингапурските учесници во меѓународната спасувачка операција.
Во следните часови се очекува во овој реон да пристигнат виетнамски бродови, кои ќе се обидат да ги извадат предметите што пловат по водата и многу наликуваат на остатоци од авион.
Операцијата за пронаоѓање на авионот ја водат Виетнам, Малезија, Сингапур, Кина и Филипините, со учество на воени бродови, авиони и хеликоптери.
Авионот „Боинг 777-200ЕР“ на компанијата „Малезија ерлајнз“ вчера исчезна од радарот со 239 патници и членови на екипажот за време на летот од Куала Лумпур кон Пекинг.
Претходно, командантот на малезиските кралски военовоздухопловни сили, Роѕали Дауд изјави дека анализите на податоци од радар покажуваат дека исчезнатиот малезиски авион „Боинг 777“ можно е да свртел и тргнал да се враќа назад кон местото на полетување.
- Ги разгледавме записите од радарот и дојдовме до заклучок дека е можно авионот да тргнал назад, објасни Дауд на прес-конференција.
Поради овие причини растојанието на потрагата по леталото е проширено до западниот брег на Малезија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа