Руски војници денеска зазедоа украински граничен објект на Крим

 

Портпаролот на граничната воена служба, Олех Слободјан соопшти дека руски војници денеска презедоа контролата врз украински граничен објект во западниот дел на Крим.

Околу 30 луѓе се блокирани во базата во Черноморское, која рано изутринава била преземена од Русите без ниту еден истрел.

Слободјан тврди дека руските сили моментно контролираат 11 гранични објекти на Кримскиот полуостров.

09.03.2014 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега