Германските туристи ја “нападнаа“ Македонија

 

Од 2012 до 2013 година бројот на германските туристи во Македонија е зголемен од 12.000 на 30.000. Со цел ова да се повтори и следната година, на годинашниот саем за туризам во Берлин, Македонија се промовира со атрактивен материјал, пишува Дојче Веле.

Искуството на Македонија потврдува дека редовното претставување на најголемиот светски саем за туризам (ИТБ) во Берлин, вродува со плод. За само две години бројот на германските туристи кои ја посетиле Македонија е зголемен за два и пол пати. Во 2012 година, 12.000 Германци престојувале во Македонија, додека минатата година бројот скокнал на 30.000.

-Со тоа, Германија на ранг листата на странски гости се искачи на 9-то место. Доколку ваквиот тренд продолжи, ова ќе значи дека наредната година Германија ќе се најде на второто место на листата на странските посетители, на која моменто челната позиција ја има Турција со 72.000 гости, по што следуваат Грција и Србија. Ланската презентација во Берлин секако придонесе за ваквиот квалитативен скок на бројот на германските посетители, а свое влијание имаа и директните авионски летови од повеќе германски градови -Дизелдорф, Берлин, Минхен, кон Македонија и субвенциите кои ги дава државата, вели за Дојче Веле, Кристијан Џамбазовски, директор на Државната агенција за поддршка и промоција на туризмот, кој заедно со неколку македонски агенции до денеска ја претставува туристичката понуда на Македонија во Берлин.

09.03.2014 - 11:03
Фото: 
dw.de

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега