Патник од исчезнатиот авион контактирал со семејството

Еден патник од изчезнатиот авион да контактирал со семејството.

Властите на Малезија сега се обидуваат со помош на телефонскиот сигнал од разговорот на кинескиот патник со семејството да го лоцираат леталото.

 

Според кинеската државна телевизија, семејството се јавило на мобилниот телефон на патникот и остварило контакт со него, по што се прекинала врската.

Авионот исчезна вчера со 227 патници, претежно Кинези, и 12 членови на екипажот. Спасителите не успеале да откријат никакви остатоци од авион во регионот во Јужното Кинеско Море.

Според последните анализи направени синоќа, податоците од радар покажуваат дека исчезнатиот малезиски авион "Боинг 777" можно е да свртел и тргнал да се враќа назад.

09.03.2014 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега