Исчезнатиот малезиски авион со 239 патници можно е да се враќал назад

 

Според анализите на податоци од радар исчезнатиот малезиски авион „Боинг 777“ можно е да свртел и тргнал да се враќа назад, истакна Роѕали Дауд, командант на малезиските кралски военовоздухопловни сили.

- Ги разгледавме записите од радарот и дојдовме до заклучок дека е можно авионот да тргнал назад, објасни Дауд на прес-конференција.

Поради овие причини растојанието на потрагата по леталото е проширено до западниот брег на Малезија.

Пронаоѓањето на остатоците од авионот може да трае повеќе денови и покрај напорите на неколку земји кои испратија 13 авиони и 29 бродови.

Додека трае потрагата во Јужнокинеското Море, малезиските власти водат истрага за идентитетот на сите патници во авионот, но најголемо внимание обрнуваат кон четирите случаи на наводни лажни идентитети.

Во два од случаите се знае дека во авионот патувале мажи кои се претставиле како Италијанецот, Луиџи Маралди и Австриецот, Кристиан Козел. Властите во Рим и Виена потврдија дека овие две лица не биле во авионот, бидејќи претходно пријавиле дека нивните пасоши се изгубени во Тајланд.

Овој детал, заедно со информацијата за мистериозното исчезнување на авионот во одлични временски услови, наведува на мисла дека авионот можеби е мета на терористички напад. Борци на Ал Каеда користеле слична тактика со украдени пасоши да се обидат да го скријат идентитетот.

Но експерти не ги исклучуваат варијантите дека можеби станува збор за откажување на моторот, дефект на авионот, екстремни турбуленции, пилотска грешка, па дури и самоубиство на пилотот.

Доколку се утврди дека станува збор за терористички акт, Кина веднаш ќе ги обвини сепаратаистите од Ујгурската област.

 

09.03.2014 - 10:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега