Константинов: До крајот на овој месец Крим ќе стане дел од Русија

Автономната република ќе стане дел од Руската федерација до крајот на овој месец изјави денеска  претседателот на прорускиот регионален Парламент на Крим, Володимир Константинов.

Тој призна дека процесот на транзиција е сложен, но изрази надеж дека на легален начин се ќе заврши до крајот на месецов а воедно им вети на наставниците, лекарите, војниците, полицајците и другите владини службеници дека ќе добиваат четири пати поголеми плати доколку Крим стане дел од Русија.

Во четвртокот кримското раководство одлучи на 16 март да се одржи референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали Крим да се присоедини кон Русија.

 

Според новите украински власти и меѓународната заедница референдумот за статусот на Крим е „незаконски“.

09.03.2014 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега