Јегуновце наскоро ќе добие нова модерна градинка

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска се сретна со градоначалникот на општина Јегуновце Тони Коцевски, за да се информира како работи новата дисперзирана канцеларија на Центарот за вработување од Тетово што беше отворена во овој општински центар во декември минатата година.

- На овој начин сакаме да им заштедиме средства и време на жителите на општина Јегуновце во однос на услугите шти ги дава нашата администрација и особено нашите вработени во тетовските центри  за вработување и за социјална заштита, истакна Спасов.

До крајот на оваа година, најави Спасов, Јегуновце ќе добие и нова детска градинка.

- Од страна на Министерството за труд и социјална политика обезбедени се околу 3 милиони денари додека општината ќе учествува со околу еден милион денари во изградбата на овој нов современ објект. Изработката на проектната документација е пред крај и откако општината ќе издаде решение за градба ние ќе распишеме тендер и очекувам дека во мај ќе започне изградбата на новата градинка која ќе биде готова до крајот на оваа или почетокот на следната година. Ова се совпаѓа со нашата политика за изградба на нови градинки особено во руралните делови од државата и во тој правец во 2013 година беа пуштени во употреба 15 нови градинки низ сите општини, а оваа бројка ја планираме и за оваа година, рече Спасов.

Градоначалникот на општината, Тони Коцевски истакна дека ветувањето од пред неколку месеци дека ќе се изгради нова детска градинка во општината започнува да се реализира со формирање нов правен субјект за подобар прифат на децата од предучилишна возраст

08.03.2014 - 14:52
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега