Приведени 16 скопјани за крвавата тепачка кај средното хемиско
МВР приведе 16 малолетни лица поврзани со тепеачката меѓу ученици од СУГС „Владо Тасевски“ и ДСУ „Марија Кири Склодовска“ што се случи завчера на булеварот „3-та Македонска бригада“ во Скопје.
Полицијата на лице место затекнала поголема група ученици од двете училишта и ги привела во полициска станица за да дадат исказ и да утврдат нивна евентуална инволвираност. Приведени биле С.Г. (17) и Б.З. (17) кои биле со видливи црвенила на лицето и образите, потоа Е.Ј. (17), Х.Ј. (17), С.И. (17), Т.М. (17), Ф.Ј. (16), Е.М. (17), Б.Ќ. (17), Е.М. (17), И.М. (16), Џ.В. (17), В.И. (17), И.И. (17), А.Ш. (17), Ј.Ј. (17), сите од Скопје.
Полициски службеници од Одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство обавија службени разговори со приведените и утврдено е дека околу 13 часот малолетниците С.Г. Б.З. ученици од СУГС „Владо Тасевски“ без повод и причина биле физички нападнати од страна на поголема група ученици од ДСУ „Марија Кири Склодовска“. Нападнатите ученици заедно со други соученици кои биле во нивна близина, избегале кон училиштето со цел да се засолнат.
Полицијата разговарала и со Б.Н. (16) и Д.Е. (17), ученици во СУГС „Владо Тасевски“ кои како сведоци го потврдија настанот.
Скопската полиција ќе поднесе соодветни пријави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа