Груевски:ДУИ малку претера со барањето на консензуален претседател

 

 ДУИ малку претера со барањето на консензуален претседател. Во демократија избира народот, а тој не може да избира консензуално. Мене ми пречи што партиите на Албанците како главни ги поставуваат само етничките прашања, рече синоќа македонскиот премиер Никола Груевски, во своето гостување во шоуто на Миленко Неделковски.

На прашањето дали ДУИ е единствениот коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ или доколки условите се неприфатливи постои можност тоа да биде и ДПА, Груевски одговори дека прво ќе се разговара со онаа партија која ќе освои најмногу гласови.

 

- Главната тема на ВМРО ДПМНЕ се нови работни места а во албанските партии прашањата поврзани со етникуми. Второ прашање е дали квалитетот е критериум за избор на кадрите во албанските партии, додаде Груевски.

На Груевски синоќа му поставуваа прашања десетина гости во емисијата на Неделковски. Во првиот дел од емисијата прашања поставуваа Владо Бучковски, Драган Павловиќ Латас, Сашо Гигов Гиш, Ивица Јосифовиќ, Бато Димитров, додека во вториот дел прашуваа Флора Кадриу, Александар Пандов, Вангел Божиновски, Александар Русјаков и Љупчо Зиков. 

08.03.2014 - 11:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега