Тепачка на натпреварот помеѓу Албарса и Башкими - еден од играчите повреден со нож
Вчера во Чаир се случила тепачка на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на „Албарса“ од Скопје и „Башкими„ од Куманово. Околу 18,00 часот откако завршил натпреварот со нерешен резултат, незадоволни од резултатот бидејќи со победа требало да влезат во втора лига, дел од навивачите на „Албарса„ влегле на теренот и физички ги нападнале фудбалерите на гостинската екипа.
При тоа 21-годишниот А.Ф. бил повреден со остар предмет, најверојатно нож, во пределот на слабината.
Биле нападнати и Љ.М.(20), Ф.С.(23) и С.Ј.(23).
Вотек се мерки за идентификување на сторителите и за целосно расчистување на случајот.