Семејството Богданови крадејќи низ продавници во САД заработило 7 милиони долари - еве како

Тричленото семејство Богданови од САД за 10 години успеало да украде седум милиони долари.

Се работи за 58-годишниот Бранко Богданов, неговата сопруга Лила Богданова и нивната 34-годишна ќерка  Јулија, кои од просториите на поранешна Југославија се преселиле во Чикаго, каде се богателе вршејќи кражби.  Семејството во период од десет години крадело кукли, козметика, книги, лего коцки, ножеви, а потоа истите ги продавале на И-Беј и си заработиле луксузна вила вредна 1,3 милиони долари, а од продажбата на украдените предмети, се збогатиле за околу 700.000 долари.Главна во бизнисот била ќерката која украдените предмети ги криела во своето специјално здолниште со внатрешни џебови.

Бранко, Лила и Јулија биле уапсени во почетокот на неделава откако биле фатени на снимките на безбедносните камери во неколку маркети.

За кражбите кои ги правеле со години им се закануваат десет години зад решетки.

07.03.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа