Наумофф ја промовираше Македонија пред канадските инвеститори

Министерот Џери Наумоффза време на неговата посета на Торонто, Канада, беше главен говорник на Форумот " Инвестициски можности за бизнис во Југоисточна Европа", организиран од Советот на НАТО на Канада,

Министерот, пред 60тина претставници на бизнис заедницата од Торонто, ја претстави  бизнис климата во Македонија и предностите за инвестирање и проширување на нивните активности во нашата земја. Највисоките менаџери на компании кои присуствуваа на форумот во голема мера беа заинтересирани за достапноста на квалификувана работна сила , како и поволната бизнис клима во комбинација со предностите на даночниот систем. Представниците на компании кои присуствуваа на Форумот, од секторите за автомобилска индустрија, енергетика и минерални ресурси, изразија интерес да ја посетат Македонија

 

Министерот Наумофф се сретна и со сенаторот Хју Сегал, претседавач на Советот на НАТО на Канада и Џули Линдхул, претседател на Советот на НАТО на Канада и ги договорија првичните аранжмани за посета на бизнис делегации од Канада и Македонија. 

 

Во текот на посетата на Торонто, министерот оствари успешни средби со неколку компании од различни сектори за производство, како и со претставници на компании од  градежната, прехрамбената и филмската индустрија кои веќе имаат интерес за инвестирање во Македонија. Во организација на Џон Битов , еден од најуспешните македонски бизнисмени во Канада и светот, на работен ручек со реномирани бизнисмени, министерот Наумофф детално информираше за можностите за инвестирање во Македонија.  По таа средба, угледните бизнисмени, воспоставија контакти со менаџерите на компании, потенцијални инвеститори во македоското стопанство. 

 

Министерот Наумофф на средбата со г. Реза Мориди, министер за истражување и иновации,на најголемата индустриска канадска провинцијаОнтарио,  договори поеста на делегација на угледни бизнисмени од тоа подрачје. 

 

 

 

 

 

 

07.03.2014 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега