208 војници ќе дадат заклетва во велешката касарна
Во касарната „Алексо Демниевски - Бауман” во Велес, денеска ќе се одржи свеченост по повод давање заклетва на 208 војници на доброволно служење на воениот рок од упатниот контингент „Февруари - 2014“.
На свеченоста ќе присуствуваат министерот за одбрана Талат Џафери, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Насер Сејдини, командантот на Командата за обука и доктрини полковник Љупчо Костовски, претставници од МО и ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа, роднините на војниците и други гости.
Заклетва ќе дадат 208 војници од дваесет и втората генерација на доброволно служење на воениот рок.Тримесечната обука ќе ја реализира Центарот за индивидуална обука во рамки на Командата за обука и доктрини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа