Екс градоначалникот на Охрид не трошел само во кафеани - големи пари "фрлени" и на патувањата на Петрески

 

Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески од сметката на општината ги покривал патувањата и престојот на негови блиски пријатели во Австралија и Америка, со кои имал бизнис релации, пишува Курир

Порталот потсетува кога Петрески и неговите соработници на сметка на општината отпатуваа во Австралија во 2010 година, токму кога градот Охрид го зафатија поплавите. Тогаш, ВМРО-ДПМНЕ го обвини Петрески дека е неморално да шета низ Австралија додека Охрид се справува со поплавите, но охридската организација остана без коментар на оваа тема.

-Дали и колку се водело сметка за патувањата и ефектите од таквите патувања доволно покажува податокот дека раководителот на Секторот за локален економски развој, за неколку години на основ на патни и дневни трошоци за странство потрошил околу 12.000 евра. Дополнително, Охрид и охриѓани не добија ама баш никаков бенефит од ваквите посети на градоначалникот и неговиот тим, ефектот од патувањата на Петрески за развојот на Охрид е речиси еднаков на нула, пишува Курир.

Курир вчера објави дека екс-градоначалник на Охрид потрошил 4,5 милиони денари за ресторански услуги само во 2012 година. Исто така, според податоците на порталот, во 2012 година, на име трошоци за мобилна телефонија, општината платила близу два ипол милиони денари за повеќе од 90 службени мобилни телефони, кои ги користеле лица во општината без никаков правилник за користење на службени мобилни телефони.

ФОТО: Охридтајмс

најчитано сега