Источна Чешка завеана со снег - сообраќајот на одделни места целосно парализиран

 

Во источниот дел на Чешка се забележани силни врнежи каде што се појавија сериозни проблеми во сообраќајот.

Најмногу снег паднало на планинските венец Бескиди, кој покрај Чешка се протега и во Словачка, Полска и Украина. Висината на покривката во овој дена на земјата изнесува речиси половина метар, а сличен рекорд за овој период од годината е забележан и во 1962 година. Метеоролозите предвидуваат врнежите од снег сосема да престанат во наредните денови, но покачување на температурите не се очекува. 

Во низините температурите ќе бидат малку над нулата, а на планините околу нулата и пониски.

најчитано сега