Американска компанија заинтересирана да инвестира во Македонија

 

Вицепремиерот Владимир Пешевски денеска заедно со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, ќе ги претстави условите за правење бизнис во Македонија на Бизнис форум организиран во соработка на Стопанска комора во американскиот центар на индустрија за производство на гума Акрон.

Пријавени се да учествуваат компании од индустријата на производство на полимери и пластични маси, како и компании од други индустрии, а делегацијата ќе има средба и со претставници на клубот на Македонски бизнисмени од Акрон, каде подетално ќе ги запознае иселениците за бизнис можностите во Македонија.

 Акрон денес е град кој има изградено и развиено индустрија не само во областа на производство на производи од гума, туку има и високо развиена индустрија и за производство на пластични материјали, полимери, хемикалии, метали, моторни возила, медицински помагала, инструменти и материјали за воздухопловството.

Предвидено е економскиот тим  да оствари  средба и со извршните директори на компанија која произведува медицински помагала и која веќе има производствени капацитети во Европа. Компанијата иницијално има пројавено интерес за можноста да префрли дел од своите фабрики од поскапите локации во Европа, во Македонија.

 

06.03.2014 - 12:53
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега