Виенски бал во Скопје по 15. пат

 

Во сабота во Скопје по 15-ти пат ќе се оддржи  Виенскиот бал, традиционалната културно-музичка манифестација што ја потврдува македонско-австриската сорботка на полето на културата и уметноста.

На балот оваа година ќе настапат стотина врвни уметници меѓу кои оркестарот „Јохан Штраус“ составен од 30 професионални музичари, инструменталисти кои ќе музицираат под диригенство на маестро Саша Николовски - Ѓумар. Грациозните танчери на Прима Данца ќе ја забавуваат публиката со интересни танцови точки, а за добрата атмосфера ќе се погрижат и Џон Илија Апелгрен и Петар Ренџов со Тумбао Салса Бенд.

Ќе настапат и балетските солисти Бобан Ковачевски и Марија Кичевска.

Како изненадување за присутните ќе биде настапот на неколку танцови двојки од шоуто “Танц со ѕвездите”.

06.03.2014 - 11:15
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега