Провалил, пребарал и си заминал богат - тешка кражба во Прилеп
Вчера вечерта, на улицата „Струшка“ во Прилеп, непознат сторител провалил во куќата на Љ.Т.(49). Крадецот детално ја пребарал куќата и успеал да украде пиштол, златен накит и 800 денари.
Според МВР, крадецот нелегално заработил околу 60.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.