Здравко Чолиќ: Најубавите жени ќе ги сретнете на автобуска станица
Легендарниот пејач Здравко Чолиќ откри каде најчесто ги среќава најголемите убавици од кои му застанува здивот.
Ѕвездата за време на гостувањето во емисијата на Огнен Амиџиќ, вели дека најубавите жени можат да се најдат на автобуска станица.
- Најубавите девојки може да ги сретнете на автобуска станица. Каде што има многу народ, таму има и многу убавина, вели Чолиќ.
Пејачот додава и дека во негово време сакале помрсни девојки и дека манекенките не биле во мода.
06.03.2014 - 09:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа