„Симпл Мајндс" вечерва ќе ја запалат македонската публика

 

Легендарниот шкотски рок-состав Симпл Мајндс денеска ќе одржи спектакуларен концерт во Скопје во рамки на нивната светска турнеја насловена „Greatest Hits“.

Според организаторите, „Авалон продукција“, не е предвидена прес-конференција, ниту интервјуа со групата.

Пред македонската публика се очекува во двочасовниот настап тие да ги изведат нивните најголемите хитови како: „Don’t You (forget about me)“, „Promised You A Miracle“, „Waterfront”, „Alive and Kicking“, „Glittering Prize“, „All The Things She Said“, „Sanctify Yourself“, „Someone Somewhere (In Summertime)“, „Ghost Dancing“, „Kick It In“, „She’s A River“, „Mandela Day“, „Beafast Child“ и многу други.

Како предгрупа на концертот ќе настапи македонскиот состав Мизар.

06.03.2014 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега