Уапсен сопственикот на леарницата "Јеремиќ" што лееше за "Скопје 2014"

 Миодраг Јеремиќ се најде меѓу осуммината уапсени во српската афера Галеника. Јеремиќ е основач и сопственик на „Ливница Јеремиќ”, и на македонската јавност и е познат по соработката со власта во проектот "Скопје 2014", пишува НоваТВ, повикувајќи се на "Политика".

Според српска "Политика", уапсените во Галеника си заработиле кривични пријави под сомнение дека во 2008. и 2009. година, со увоз на суровини за Галеника, купување и продажба на скулптури и лекови, ја оштетиле "Галеника" за 12 милиони евра. Обвинителот Миљко Радисављевиќ очекува оваа сума да продолжи да расте во текот на истрагата.

- Во истиот период без спроведена постапка за јавна набавка Галенија по повеќекратно зголемени цени купила скулптури за кои се исплатени преку два милиони евра, а една од нив е платена преку 650.000 евра и до ден денеска не е преземена од леарницата со оглед дека е утврдено дека нема никаква уметничка вредност, потврди обвинителот Миљко Радисављевиќ.

 Галеника, без почитување на процедурата, купила 12 скулптури од "Јеремиќ", чија цена била зголемена и за 20 пати. Со овој бизнис сопственикот Јеремиќ за себе и за соработниците обезбедил 70 милиони динари, додека Галеника била оштетена за 200 милиони динари.

 

најчитано сега