За влакно избегнат голем раскол во СДСМ

 

 

Кандидатурата на Стево Пендаровски како претседателски кандидат на СДСМ висела на конец два дена пред вчерашниот конгрес на партијата, пишува Денешен.мк, повикувајќи се на партиски извори. Лидерот на партијата, Зоран Заев бил доведен во класична ситуација на уцена, по што решението на сериозната криза која се навестувала, морал да го најде екс лидерот, Бранко Црвенковски.

Партиски извори за денешен.мк откриваат дека во саботата, веднаш по конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, кога Никола Груевски објави дека како излез на владината криза решение ќе се бара во вонредни парламентарни извори, една поголема група од петнаесетина пратеници на СДСМ на чело со Игор Ивановски, Јани Макрадули, Цветанка Иванова, Данева Павловска, Андреј Петров, Весна Бендевска, Минчев, Емилијан Становкиќ, му испорачале ултиматум на новото раководство на СДСМ. Ставањето на својот потпис зад кандидатурата на Пендаровски го условиле со гаранција дека нивните имиња повторно ќе се најдат на листите на СДСМ за пратеници.

Ова велат нашите извори го збеснало, Зоран Заев, кој во истиот момент побарал уште истата вечер да се покрене партиска иницијатива за собирање 10.000 потписи, за да се искористи последниот рок – недела. На таквото решение се спротивставила, Радмила Шекеринска, потенцијарќи дека тоа е невозможно, бидеќи Пендаровски ја нема формалната кадидатура од Конгресот на партијата, кој веќе бил закажан за вторник. Шекеринска, велат истите извори, го предупредила Заев дека вон статутарна постапка за собирање итно граѓански потписи за Пендаровски, ќе значи дебакал за партијата во предизборието и отворено излегување во јавноста на сите внатрешни судири, што може на избори да резултира со катастрофален резултат и поделби на партијата.

-Дали математиките на Заев се покажаа како погрешни, дали пак премногу им верувал на некои луѓе, не знам. На такво сценарио некои го предупредуваа, но тој тврдеше дека тоа е невозможно. Заев беше решен да расчиси со сите кои сега се дел од пратеничката група, а кои цело време откако е избран за лидер, постојано прават опструкции. Каде погреши, веројатно сам ќе треба да си одговори. Сега, сите планови за рефрми, за кои зборуваше по општинските организации, за нови чесни луѓе на листите, за нови свежи сили се доведени во прашање. Изборот на Пендаровски за претседателски кандидат е крај на политичката иднина на Заев како партиски лидер, вели изворот на денешен.мк, кој инсистира на анонимност.

Откако Заев го прифатил предлогот на Шекеринска, го побарал Црвенковски. Нашите извори тврдат дека екс лидерот категорично отфрлал каква била поврзаност, но го смирувал Заев дека ќе го реши проблемот. Како компромис, Црвенковски сепак на крај го советувал Заев дека дел од побунетите пратеници треба да се најдат повторно на лиситите, особено оние кои биле истурени играчи во Парламентот.

Единствената која не сакала да влегува во ваквите пазарења и која однапред се откажала од иден пратенички мандат е Наташа Савова. Таа не дојде ниту на конгресот на СДСМ.

Каолицијата предводена од СДСМ на вонредните парламентарни избори во 2011 освои 42 пратеника. Од нив пратеничката група на СДСМ брои 29 пратеници. Меѓу 42 –та пратеници на Коалицјата веќе подолго време не се 3 пратеници на ПЕИ и Драгиша Милетиќ од Српската напредна странка. За кандидатура за претседател потребни се 30 пратеници.

05.03.2014 - 23:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега