ОН демантира- Роберт Сери не е киднапиран на Крим
Заменикот на генералниот секретар на Обединетите нации, Јан Елијасон демантираше дека специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, Роберт Сери, денеска бил заробен од вооружени лица на Крим.
Тој потврди дека на Сери му се заканувале, но тој сега е безбеден.
- Тој не е киднапиран, но му се упатени сериозни закани, истакна Елијасон, додавајќи оти тоа треба сериозно да биде осудено.
Претходно, украинското Министертство за надворешни работи соопшти дека група вооружени лица денеска на Крим го заробиле Сери. Според претставник на Министерството, Сери бил задржан во Симферпољ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа