Мехмети: Пендаровски се обидува да им се допадне на ДУИ, но тоа не е тоа

 

Еден од кандидатите ја рефлектира идејата за консензуалност. Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети по распуштањето на Собранието изјави дека еден од кандидатите се доближува до идејата за консензуалност но не кажа за кого станува збор.

 

„ Номинацијата е друго прашање, а кандидатот како личност е друго прашање. Ние говориме за процеси и концепти, не говориме за конкретни кандидати. Имаме кандидати, и некои се чини како да се обидуваат на некој начин да ја рефлектираат идејата, но тоа не е тоа“  рече Мехмети.

Ако се има предвид дека ДУИ беше јасно против актуелниот Претседател Ѓорѓе Иванов станува јасно дека Мемети мисли на Стево Пендаорвски кој уште пред да биде официјализиран како кандидат почна да им се додворува на Албанците во надеж дека ќе направи нешто повеќе на изборите со нивните гласови.

05.03.2014 - 16:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега