Нова инвестиција во Македонија: Се отвараат 400-500 работни места

Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со претставници на украинската команијата  „Konstantinovsky Plant of Metallurgical Equipment” на која била договорена нова инвестиција за преработка на бакар во Македонија.

Како што информира денеска директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, прво ќе следат деталните геолошки истражувања на три наоѓалишта, две во Валандово и едно во Старо Нагоричане, Кумановско. Врз основа на почнувањето со експлоатaција на еден од локалитетите, ќе има фабрика каде со процес на електролиза ќе се изработува бакар, катоди, бакарни цевки и жица од бакар. Инвеститорите се одлучија за Македонија бидејќи она што планираат да го прават не е само експлоатација на руда, туку истовремено целосна вертикална интеграција на производство на бакар, производство на катоди од бакар, жици и цевки. Потенцијалот за вработување е од 400 до 500 луѓе, врз основа на целиот процес на трите рудници и фабриката, и можност за инвестирање која ќе надмине над 200 милиони долари во следниот период.

Фабриката треба да почне со работа на крајот на 2015 или почетокот на 2016 година. Ваква фабрика досега нема во Македонија, а пласамнот на бакарот ќе биде на светските пазари.

Генадиј Сичов, заменик-претседател на компанијата информира дека прво ќе направат детални геолошки истражувања на три наоѓалишта за кои добиле концесија, две во Валандово и една во Старо Нагоричане, Кумановско.

- Денес треба да го потпишеме договорот со македонската компанија која ќе ги извршува деталните геолошки истражувања и кон крајот на оваа година да се изгради формата на ова ново претпријатие, рече Сичов.

 

05.03.2014 - 15:39
Фото: 
MIA

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега