Собранието се самораспушти - избори на 27 април

Со 117 гласа За, без ниту еден против или воздржан, македонските пратеници се самораспуштија.

По нецели три години, дојде крајот и на овој парламентарен состав. Во двочасовната дебата, пратениците од опозицијата обвинуваа за криза, но ја дадоа својата поддршка за предвремени избори.

Од владејачката партија сметаат дека нема ништо подемократско од барањето доверба од граѓаните за спроведените проекти.

05.03.2014 - 13:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега