Клинички заштедува 140.000 евра месечно со помош на гасификацијата

Гасификацијата на скопските Клиники покажа исклучително позитивни ефекти. Ова денеска го изјави министерот за здравство, Никола Тодоровски, кој потенцира дека од гасификацијата има како економски, така и еколошки придобивки.

-Само за споредба, во февруари 2013 година, кола Клиничкиот центар се грееше на мазут, потрошени се 20 цистерни во вкупна вредност од 20.135.000 денари. Изминатиов месец, во февруари 2014 година, по гасификацијата, за греење Клиниките потрошиле 11 милиони денари., потенцира Тодоров на прес-конференција.

Освен финансискиот дел, Тодоров вели дека гасификацијата помогнала и за загаденоста на воздухот која е видно намалена.

Во јуни годинава, според најавите на Министерството за здравство, ќе се гасифицира и градска општа болница „8 Септември“.

 

05.03.2014 - 13:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега