Да го спасиме животот на младо момче: Апел за помош на Димитар Несторовски

„Белата роза симбол на нашата држава, како надеж за подобро утре на една мајка“. Под ова мото денеска во 17 часот  во Кинотеката на Македонија почнува хуманитарна акција за Димитар Несторовски која ја организира ООУ „Вера Циривири-Трена“ од Скопје за да му помогне на својот ученик.

Ќе се одржи продажна изложба на дела, изработени и донирани од уметникот Живко Поповски-Цветин. Сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на Димитар кој за жал боледува од прогресивна мускулна дистрофија-Дишен (Dustrophio musculorum progrsiva DMD). Медицинскиот центар за матични клетки „Ву“ во Пекинг овозможува лекување на болеста со што би се спречилa нејзина натамошна прогресија, а четиринеделниот третман за операција, имплантација на матични клетки, физотерапија, медицински услуги, пат и сместување чини 40.000 долари.

Па да бидеме хумани и да му помогнеме на младото момче. Сите граѓани можат да донираат средства на жиро-сметка на НЛБ Тутунска банка,  трансакциска сметка 210700000613176, со цел на дознака  Димитар Несторовски-за донација. Може да се донира и на телефонските броеви 077/143-704 и 075/143-666. 

05.03.2014 - 10:08
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа