Наставници од Македонија на светскиот образовен натпревар на Мајкрософт

Од  11 до 14 март во Барселона  ќе се одржи глобалниот едукативен натпревар на Мајкрософт, на кој дел ќе бидат и македонски наставници.

Македонија на овој форум ќе ја претставуваат тројца наставници - Весела Богдановиќ, годинашен победник на државниот натпревар од вкупно 186 проекти кои конкурираа на програмата Microsoft Educator ExpertДарко Талески и Софија Грабулоска, победници од претходниот Светски форум во 2012 година.

Мicrosoft овозможи и онлајн да се следи светскиот форум, преку фејсбук линкот http://on.fb.me/1fgqT6B. Годинава на овој светски форум се очекуваат над 1.100 учесници од 97 земји членки, над 150 владини и образовни лидери, преку 300 најдобри училишни лидери, над 250 најдобри наставници...

 

05.03.2014 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега