Жељко: Даниел ти кога грешиш, грешиш со стил!

 

Финалистот на Икс Факор, Даниел Кајмакоски , кој до сега од жирито слушаше само пофални зборови, на последната финална вечер ја доби и својата прва критика. Секако, тој беше прекрасен како и секогаш, но можеби не се поврза доволно емотивно со песната од својот ментор, Жељко Јоксимовиќ - „Љубави“. 

Перфектно испеа како и секогаш, никогаш не е во прашање дали добро си отпеал туки дали си успеал да ја изнесеш магијата, според мене вечерва не си, но тоа не значи дека помалку те сакам. Мојата верба во тебе е огромна, му рече Кристина Ковач.

-Јас ја сакам оваа песна, Бајага ги напиша овие прекрасни зборови, мене ми се допадна овој твој отсутен настап, сите похалби, рече Кики.

Емина пак го запраша: Дали си гладен, жеден? Имам впечаток дека постојано мислиш на храна… Го одработи ова извиднички, на крајот беше ОК, но на почетокот не беше Даниел туку некој Милош…Ти си еден од најдобрите вокали и така и ќе те отценам – му рече Емина на Даниел.

Жељко Јоксимовиќ на крајот пресече: Ти кога грешиш, грешиш со стил!

 

05.03.2014 - 09:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега