Облаците ќе исчезнуваат - ѕирнете што ќе се случува со времето во Македонија

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините од снег особено во претпладневните часови, а во текот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Претежно ќе биде тивко, наместа ќе дува слаб северен ветер и повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје и околината рано изутрина ќе има услови за слаб дожд. Преку денот постепено облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за повремени слаби врнежи од дожд. 

05.03.2014 - 08:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега