Кој е патот до срцето на вашата љубена?
Се верува дека во Тибет живее најголемиот филозоф на светот. Еднаш го посетил некој дечко кој сакал да дознае кој е патот до срцето на саканата.
Еве што го советувал овој мудрец.
1. Миј си ги забите.
2. Немој пред неа да го чешаш меѓуножјето.
3. Кога одиш во тоалет крени го капакот, но не заборавај да го спуштиш после тоа.
4. Не шмацај кога џвакаш.
5. Немој да подригнуваш на глас.
6. Немој да прдиш.
7. Измиј си ги рацете пред да излезеш од купатило.
8. Немој да зборуваш грдо за мајка и.
9. Немој да пцуеш.
10. Секогаш смеј се на нејзините шеги, па макар и да биле лоши.
11. Немој да бидеш љубоморен, остави и го ова задоволство неа.
12. Немој да пушташ стомак и да се дебелееш.
13. Немој долго да седиш во купатило.
14. Немој да и велиш дека не знае да вози.
15. Научи да готвиш, да местиш кревет, да миеш садови, да и кажеш 24 пати во денот дека ја сакаш.
16. Остави ја да зборува со часови на телефон.
17. Запомни: Ти не сакаш фудбал и мразиш Формула.
18. Почитувај ја нејзината главоболка, но ако таа сака секс од тебе, веднаш исполни и ја желбата. И немој да си помислил да заспиеш! Гледај ја во очи и гушкај ја се’ додека не заспие.
19. Бричи се секој ден за да не и ја повредиш кожата.
20. Јави и се, било кога и од било каде
Извор: Попара
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа