Руските воени бродови „Јамал“ и „Саратов“ на пат кон Крим

 

Како што јави сајтот „Ворлд булетин двата руски воени бродови „Јамал“ и „Саратов“,што привремено беа стационирани во источниот Медитеран за следење на ситуацијата во Сирија, утринава околу 7.30 минути минале преку теснецот Босфор на пат кон Црното Море.

Руските бродови минеле преку Мраморното Море и стигнале до Босфорот, пловејќи во правец на Кримскиот Полуостров.

Истовремено, украинскиот брод „Хетман Сагајдачни“ преку теснецот Дарданели тргнал во правец кон Мраморното Море.

 

Сајтот напоменува дека Босфорот има статус на меѓународни води, иако го пресекува најнаселениот турски град, Истанбул.

04.03.2014 - 16:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега