Мажот на 5 жени и татко на 24 деца дава совети за бракот и сексот
Познатата серија на TLC, наречена "Моите пет жени" го следи животот на Брејди Вилијамс, неговите пет жени и 24 деца.
Сите негови деца и жени живеат заедно на фарма во Јута, а неодамна во интервју за Huffington Post изјавиja нешто во врска со нивните животи.
"Причината поради која решивме да учествувамe во ТВ шоуто беше да ги отфрлиме митовите и гласини за полигамните семејства. Тие кои се појавија во јавноста. Сето тоа беше, насилно. Ние сакаме да покажеме дека тоа не е секогаш така, дека ние сме нормални, здрави и дека нашите деца се фантастични, ние сме примерни граѓани", рече Брејди една од петте жени на Робин.
Нејзиниот сопруг се надоврза: "Ние не сакаме да бидеме таинствени околу ништо и да не зборуваме за тоа, на пример, во врска со сексот ... Слушајте, сите во Америка имаат секс. Да, нормално е да се има секс. Ние не сме перверзни, не сме чудни, ние сме сосема нормални само сме + пет во една заедница".
"И тоа во нечии очи e перверзнo и чуднo", додаде уште една жена, продолжувајќи: "Но луѓето стануваат се повеќе отворени за различните идеи за различните односи по заеднички договор и прифаќаат дека секој си ја гледа својата работа. Сите се различни и сите прават онака како што сакаат. Ова е нашиот избор и нас ни се допаѓа. Имаме толку многу љубов во заедницата што сметам дека луѓето треба да видат"...
"Се додека никој не е повреден и станува збор само за љубов, што има лошо во тоа?", вели Брејди, кој тврди дека во нивниот брак се е во "целосна симетрија" и дека тој во никој случај не е доминантен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа